• петок, 05 декември 2025

Киву: Интер на Светското клупско првенство ќе се обиде да го даде најдоброто од себе

Киву: Интер на Светското клупско првенство ќе се обиде да го даде најдоброто од себе

Пасадена, 15 јуни 2025 (МИА) - Новиот тренер на Интер, Кристијан Киву, го гледа Светското клупско првенство како можност да ја промени моменталната состојба во клубот, а исто така и да добие увид во тимот пред сезоната 2025/26.

- Ова не е нова сезона, па затоа сме тука да го дадеме најдоброто од себе. Мислам дека треба да го почитуваме ова натпреварување бидејќи тоа е она што треба да го прави еден тим кога може да го претставува својот клуб на ваков вид турнир. Овде 32 екипи од светот и ова е горд момент за светскиот фудбал.

Секако, разочарани сме од она што се случи на крајот од сезоната. Очекувањата беа високи. Но, се обидувам да им пренесам на играчите дека она што го направија е нешто посебно, нешто неверојатно, рече Киву на прес-конференција во пресрет на настапите во САД.

На Светското клупско првенство Интер ќе игра во групата Е со мексикански Монтереј, јапонски Урава Ред Дајмондс и аргентински Ривер Плата.

Во сезоната 2024/25, Интер заврши втор во Серија А и загуби од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите (2:5). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан