• петок, 22 ноември 2024

Кепа останува во Челси

Кепа останува во Челси
Лондон, 25 април 2020 (МИА) - Кепа Арисабалага може да продолжи да брани за Челси, пренесе „Дејли телеграф“. Како што е познато, менаџерот на „сините“ Френк Лампард повеќе не го сака Кепа во составот, откако во текот на сезоната направи многу грешки. Сепак, ниту еден тим не е заинтересиран за Арисабалага и тој ќе продолжи да биде играч на Челси. Пред некое време се појавија информации дека тој може да се користи како дел од договорот за Џиџи Донарума од составот на Милан, но оваа зделка е малку веројатно да се оствари. Кепа има уште пет години од својот договор со Челси, а „сините“ бараат најмалку 50 милиони фунти за неговите права.

Тагови

Остани поврзан