Касами: Да има отворени листи, а со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето
- Да се укине техничката влада веднаш, а ако нема согласност од сите политички фактори, тогаш и следните редовни парламентарни избори да се одржат со техничка влада и потоа таа да се укине, е ставот на коалицијата „Вреди“, што бил изнесен на денешната лидерска средба.
Скопје 14 јануари 2026 (МИА) - Да се укине техничката влада веднаш, а ако нема согласност од сите политички фактори, тогаш и следните редовни парламентарни избори да се одржат со техничка влада и потоа таа да се укине, е ставот на коалицијата „Вреди“, што бил изнесен на денешната лидерска средба.
Како што изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“, на средбата било изнесено и барањето со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето.
- За изборните единици немаме став, најважно е, како и да се одлучи, и за една изборна единица, да има отворени листи - истакна Касами.
Тој ја поздрави денешната лидерска средба, на која, рече, се отворија многу теми, политички и економски и имало конструктивна дискусија.мч/са/
Фото/видео: МИА