• недела, 22 декември 2024

Картер: Нема да ја продадам душата за прстен

Картер: Нема да ја продадам душата за прстен
Атланта, 7 мај 2020 (МИА) - Винс Картер (43) е пример за имитација во НБА лигата. За жал, големиот Винс,кој учествува во својата 22-ра НБА сезона, исто така наскоро ќе стави официјален крај на неговата кариера. Во интервјуто за „Бличер рипорт“, Картер се спротивстави на мислењето за ветераните, кои на крајот на својата кариера бараат лесна титула. - Јас нема да ја продадам душата за да добијам прстен. Она што сакам да кажам е дека на 43 години, сепак можам да се натпреварувам и да направам се што можам на теренот. Ако одам во друг тим, кој е подготвен да ја освои титулата, тоа не е гаранција дека ќе добијам време за играње. И јас не би се справил со тоа. Ја сакам премногу играта да седам на клупата и да не можам да ги користам моите вештини за паркетот, вели легендата Картер е осумкратен учесник на „Ол стар“. Во својата кариера одигра 1.481 дуели, со просек од 17,2 поени, 4,4 скока и 3,2 асистенции по натпревар.

Тагови

Остани поврзан