• среда, 06 ноември 2024

Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и вбројување во диптихот на светите

Канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и вбројување во диптихот на светите
Скопје, 21 мај 2022 (МИА) - Во манастирот Св. Јоаким Осоговски - Крива Паланка викендов ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител и негово вбројување во диптихот на светите. На предлог на Кумановско-осоговската митрополија светителот ќе биде канонизиран како Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител. Активностите почнуваат вечер во 18 часот  со воскресна вечерна богослужба и парастос за блаженоупокоениот игумен  Јоаким Крчовски. Утре во 07.30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 09.00 света божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Канонизацијата во организација на Кумановско-осоговската епархија ќе се изврши во присуство на архиереите на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија и голем број верници. Под канонизација се подразбира прибројување на нечија осветена личност во соборот на светите. -Спрегата што ја постигнал Јоаким Крчовски се опишува преку мислата - Знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата  книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување, вели митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата.лв/  

Остани поврзан