• вторник, 05 ноември 2024

Канада ја суспендира употребата на вакцината на АстраЗенека за помлади од 55 години

Канада ја суспендира употребата на вакцината на АстраЗенека за помлади од 55 години
Отава, 30 март 2021 (МИА) - Здравствените власти во Канада предложија вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека да не ја примаат лицата под 55 години и побараа нова анализа за придобивките и ризиците по возраст и пол. Во Канада се доставени 307.000 дози вакцини на АстраЗенека и не се регистрирани појави на тромбози како во ретките случаи во Европа. Канадскиот национален советодавен одбор за имунизација истакна дека од моментално достапните податоци, постои значителна неизвесност за придобивките од вакцината на АстраЗенека кај лица под 55-годишна возраст. - Досега 40 отсто од луѓето кај кои се појавиле тромбози починале, а тој процент може да се намали кога ќе се идентификуваат и третираат повеќе вакви случаи, соопшти Советот. ми/

Остани поврзан