• понеделник, 20 мај 2024

Камион се преврти кај Марвинци, повредени поголем број мигранти 

Камион се преврти кај Марвинци, повредени поголем број мигранти 
Валандово, 10 август 2022 (МИА) - Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово - Гевгелија, според првичните информации на МИА, повредени се мигранти.
- Добивме повик за повредени поголем број мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, околу педесет биле, такви ни се првичните информации, рекоа од Брза помош Кавадарци.
Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската. Тоа за МИА го потврдија од двете служби на брза помош.
Кавадаречката служба испратила едно болничко возило.
Цела екипа со санитетско возило биле испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.
Од МВР потврдија за МИА дека вечерва во 18:10 било пријавено дека товарно возило излетало од патот  на клучка од с. Марвинци кон М1, рег. пат Гевгелија - Д. Капија.
- Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на самото место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е првично. Утре ќе има официјално, велат од МВР. свд/рт/
Фото: МИА архива

Остани поврзан