• недела, 22 декември 2024

Калтрина Зеколи Шаќири ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски

Калтрина Зеколи Шаќири ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски

Скопје, 29 јули 2024

Ве известуваме дека госпоѓа Калтрина Зеколи Шаќири и официјално ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски. Од стапувањето на функцијата, заменик министерката ја изрази својата длабока посветеност да работи максимално и да придонесе за развој на инфраструктурата и врските во нашата земја.

„Чест ми е што ја преземам оваа важна одговорност и ветувам дека ќе работам за доброто на нашите граѓани, нагласи г-ѓа. Зеколи Шаќири.  Мојот придонес како заменик министер ќе биде важен во подобрувањето на услугите и развојот на проекти кои ќе донесат придобивки достапни за сите”.

Заменик-министерката ја изрази својата решеност ефикасно да ги исполни нејзините должности, тесно соработувајќи со тимот и сите заинтересирани страни за постигнување на заедничките цели.

 

Демократско Движење

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан