• петок, 22 ноември 2024

Како нов министер логично е што првата средба ја имав со Арсовска, вели Пенов

Како нов министер логично е што првата средба ја имав со Арсовска, вели Пенов
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Природно е како нов министер за локална самоуправа да ја започнам првата активност со најголемата заедница на локалната самоуправа, а тоа е Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, воедно и претседателка на ЗЕЛС, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, појаснувајќи ја причината за неговата вчерашна средба со градоначалничката Арсовска. Во „Само интервју“ на Канал 5, Пенов истакна дека сакал да ги слушне проблемите со кои се соочува Градот и да се види што може да се промени и да се подобри. Состанокот го опиша како позитивен и се согласи дека „пожарите“ што се случуваат во Град Скопје имаат политичка позадина. ки/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан