• понеделник, 23 декември 2024

Казни од милион долари за телевизијата „Фокс њуз“ поради сексуално вознемирување и кршење на работничките права

Казни од милион долари за телевизијата „Фокс њуз“ поради сексуално вознемирување и кршење на работничките права

Њујорк, 30 јуни 2021 (МИА) - Комисијата за човекови права во градот Њујорк ја казни Фокс Њуз со еден милион долари - најголема казна во нејзината историја поради кршење на законите за сексуално вознемирување и кршење на работничките права на вработените.

Како дел од парничен договор, телевизијата, исто така, се согласи да воведе задолжителна обука против сексуално вознемирување за своите вработени и соработници со седиште во Њујорк, како и привремено да се откаже од политиките со кои се бара од луѓето кои тврдат дека се жртви на злоупотреба, да се прибегнуваат кон судска арбитража.

Казната произлегува од истрагата почната во 2017 година по неколку пријавени случаи, според Комисијата, за „широко распространети злоупотреби“ во тој медиум. Првите знаци на проблеми во телевизијата се појавија во 2016 година, кога поранешната водителка Гречен Карлсон го обвини сега веќе покојниот шеф на медиумот Роџер Ајлс дека и упатувал непристојни понуди и ја уништил нејзината кариера кога го одбила. Ајлс и поранешниот водител на Фокс Њуз, Бил О'Рајли останаа без работа поради обвинувања за сексуално вознемирување.

Неколку други жени поднесоа тужби за сексуално вознемирување, вклучувајќи ја и поранешната водителка на Фокс Њуз, Мегин Кели.

Казната од еден милион американски долари беше изречена за четири одделни тужби за „намерни развратни дела“ - по 250.000 американски долари. паг/

Остани поврзан