• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Казахстан најави отворање на најголемото наоѓалиште за ретки метали во земјата пред самитот Централна Азија-ЕУ

Казахстан најави отворање на најголемото наоѓалиште за ретки метали во земјата пред самитот Централна Азија-ЕУ

Алмати, 2 април 2025 (МИА) - Казахстан денеска најави отворање на наоѓалиште што содржи околу еден милион тони ретки метали, наводно најголемото во оваа огромна централноазиска земја, богата со природни ресурси. Изјавата е објавена во пресрет на самитот Централна Азија-Европска унија во Узбекистан, на кој ќе присуствуваат лидерите на пет централноазиски земји, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Тоа е моментално најголемото наоѓалиште на метали од ретки земји во Казахстан, кое содржи особено цериум, лантан, неодимиум и итриум, изјави портпаролот на казахстанското Министерство за индустрија.

Овие ретки елементи се важни за економијата, особено за технологиите за енергетска транзиција.

Европската унија е заинтересирана за ретките метали и природни ресурси на овој регион, кој историски е под влијание на Русија, но и поврзан со соседна Кина. мс/

фото: Википедија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан