• понеделник, 23 декември 2024

Кадиров забрани влез за Помпео во Чеченија и му воведе санкции

Кадиров забрани влез за Помпео во Чеченија и му воведе санкции
Грозни, 24 јули 2020 (МИА) - Лидерот на руската автономна република Чеченија, Рамзан Кадиров му забрани денеска на американскиот државен секретар Мајк Помпео влез во регионот. Тој тоа го изјави на состанокот одржан во Грозни, откако Стејт департментот воведе визни санкции против Кадиров, неговата сопруга и ќерките. - Го повикав господинот Помпео во посета, меѓутоа сега велам дека немам право тоа да го направам. Затоа ја повлекувам поканата и најавувам воведување на сите санкции против него кои ги има регионот, како и замрзнување на неговите сметки. Тоа е истата постапка која ја воведоа против мене, нагласи Кадиров. Чеченскиот лидер изрази незадоволство поради санкциите воведени против членовите на неговото семејство, додавајќи дека доколку тој извршил некакво злосторство, неговите деца немаат никаква врска со тоа. - Каде пишува дека мажените ќерки одговараат за гревовите на таткото. Каква врска има мојата сопруга со тоа? Ова е смешно. Тие само што ја започнаа својата предизборна кампања, истакна Кадиров. гт/

Остани поврзан