• вторник, 16 јули 2024

Кавадарци ќе добие затворен пливачки базен

Кавадарци ќе добие затворен пливачки базен
Кавадарци, 24 август 2021 (МИА) - Кавадарци ќе добие затворен пливачки базен, на местото на некогашната дискотека „Лалуна“, објект кој не беше во функција дваесетина години, информираше денеска градоначалникот Митко Јанчев. Во тек е чистење на просторот. -Овој простор целосно ќе биде исчистен додека се подготвува тендерската документација за изградба на затворен пливачки базен, рече градоначалникот. Тој појасни дека инвестицијата е преку Владата, преку Агенцијата за млади и спорт. Пливачкиот базен, додаде, во иднина ќе може да се користи и за пливање во рамки на редовни часови по физичко воспитување. Но, ќе може да работи и комерцијално. Најави доградба на спа-центар, паркинг и пропратни елементи. Општината инвестира во делот на урбанизацијата, целокупната инвестиција за градба на објектот е на Владата преку Агенцијата за млади и спорт и неофицијално, чини околу 36 милиони денари. свд/ки/

Остани поврзан