• вторник, 24 декември 2024

ИЦГБ: Гасоводното поврзување меѓу Бугарија и Грција ќе стапи на сила на 1 јули следната година

ИЦГБ: Гасоводното поврзување меѓу Бугарија и Грција ќе стапи на сила на 1 јули следната година
Софија, 4 октомври 2021 (МИА) - Гасоводното поврзување меѓу Бугарија и Грција ќе стапи на сила на 1 јули следната година, изјави за БТВ шефицата на компанијата што ја изгради гасоводната врска ИЦГБ (ICGB), Теодора Георгиева. Како што јави дописникот на МИА од Софија, изградбата траела 12 години, a биле вложени 24 милиони евра капитални инвестиции. - Европското финансирање за проектот беше 40 милиони евра. Финансирањето беше целосно завршено во 2019 година. Секоја транша беше контролирана од независна компанија, а истото важи и за грантовите, рече Георгиева. Според неа, градежништвото не се развива доволно брзо поради пандемијата. Георгиева смета дека интерконекторот меѓу Бугарија и Грција ќе профункционира на 1 јули следната година. „Ова е геополитички проект, година и пол бевме блокирани. Ги контактиравме службите за обиди за блокирање за да можат да ги направат проверките, рече Георгиева. нк/паг/

Остани поврзан