• понеделник, 23 декември 2024

Италија: Уапсени 60 лица поради експлоатација на мигранти

Италија: Уапсени 60 лица поради експлоатација на мигранти
Рим, 10 јуни 2020 (МИА) - Италијанската полиција денеска уапси 60 лица за кои постои сомнеж дека експлоатирале мигранти од Африка да работат на фарми, а притоа ги нарекувале „мајмуни“. Во полициската акција биле одземени и 14 фарми во Калабрија и Базиликати, во вредност од околу осум милиони евра. Како што се наведува, на фармите работеле стотина мигранти по 12 часа дневно за минимална дневница. Во акцијата учествувале околу 300 припадници на полицијата. гт/

Остани поврзан