Италијанката Софија Гоџа најбрза на супервелеслаломот, додека машкиот супер-џи откажан
- Италијанската скијачка Софија Гоџа победи на супервелеслаломот во Солдеу во Андора, додека машкиот супер-џи откажан поради магла
Солдеу, 1. март 2026 (МИА) – Италијанската скијачка Софија Гоџа победи на супервелеслаломот во Солдеу во Андора. Таа до победата стигна со време 1:25.95 минута. Второто место и припадна на Германката Ема Рајхер, која имаше 24 стотинки заостанување зад победничката, а како третопласирана заврши Кајса Викхоф Ли, која имаше 31 стотинки заостанување зад Гоџа.
Во пласманот за супервелеслалом Гоџа е прва со 420 бода, додека Алис Робинсон од Нов Зеланд е втора со 336 бодови. Инаку денешната трка ја заврши на седмото место. Во генералниот пласман водечка е Микаела Шифрин со 1.133 бодови, Камил Раст од Швајцарија со 963 бодови.
Машкиот супервелеслалом што требаше да се одржи во Гармиш Партенкирхен е откажан поради магла и ќе се одржи на 13. март во Куршавел. мн/
Фото: ЕПА