• сабота, 06 декември 2025

Исчистена дива депонија од две илјади квадратни метри во Горно Лисиче, собрани 250 кубни метри смет

Исчистена дива депонија од две илјади квадратни метри во Горно Лисиче, собрани 250 кубни метри смет
Скопје, 23 јануари 2022 (МИА) - На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација денеска успешно исчистија дива депонија по должината на кејот. Како што посочи Град Скопје, станува збор за исчистена површина од две илјади квадратни метри, а биле собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут. Градоначалничката Арсовска извршила надзор над работата, а биле истакнати и останати локации каде што е потребно интервенција на службите на градот и јавните претпријатија. - Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани, се вели во соопштението. мс/бк/

Остани поврзан