• понеделник, 25 ноември 2024

Истражување: Средоземното Море станува се потопло и посолено

Истражување: Средоземното Море станува се потопло и посолено

Мадрид, 22 јули 2023 (МИА) - Средоземното Море се загрева се побрзо и станува сè посолено, покажува студијата изработена од тим шпански научници.

Водата се загрева со брзина од околу два степена Целзиусови на 100 години во западниот Медитеран и на некои други места, наведува тимот на шпанскиот институт за поморски истражувања ICM-CSIC во студијата објавена во списанието Journal of Marine Science and Engineering. На некои места, како на пример во близина на L'Estartit во Коста Брава, загревањето е уште поголемо и изнесува три степени.

Нивните резултати се базираат на евалуација на долгорочни податоци од изминатите 30 години и мерења на сите длабочини на водата во Средозмното Море.

Соленоста на Медитеранот е поголема од онаа на Атлантикот бидејќи повеќе вода испарува отколку што се влева од реките и другите водни извори.

Други студии покажуваат дека зголемувањето на температурата на водата и соленоста го загрозуваат биодиверзитетот во Средоземното Море.

Во потоплите води на Медитеранот, сега има речиси 1.000 неавтохтони видови кои секоја година се шират на север и запад, потиснувајќи ги домашните видови, покажуваат истражувањата на Светскиот фонд за природата.са/

Фото: ЕПА

Остани поврзан