• понеделник, 23 декември 2024

Истражување: Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните

Истражување: Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните
Пекинг, 12 август 2022 (МИА) - Бучавата влијае на изборот на партнер врз основа на визуелни информации кај животните преку вкрстени сензорни интерференции, открија кинески истражувачи, објави Институтот за биологија во Ченгду при Кинеската академија на науките, јави Синхуа. Комуникацијата со животните често е нарушена од пречки од бучава, додека малку се знае за нејзиниот вкрстено модален ефект и тоа како животните тежнеат кон унимодални и мултимодални знаци за додворување во бучни средини. Користејќи жаби на дрво како експериментални субјекти, истражувачите од Институот претставија унимодални сигнали (звучна или гласовна вреќа) и мултимодални сигнали (звучна или гласовна вреќа) до женските жаби, користејќи аудио или видео репродукција, како би ја тестирале способноста на женските жаби да обработуваат звучни и визуелни информации во присуство и отсуство на бучава. Според резултатите, женските жаби биле во состојба прцизно да изберат поатрактивни унимодални или мултимодални знаци кога немало бучава. Додека нивната преференција исчезнала или дури и се свртила кога бучавата била пуштена, се наведува во извештајот објавен во списанието „Загадување на животната средина“ (Environmental Pollution). Студијата исто така покажа и оти вкрстените влијанија на бучавата во животната средина во одредена мера влијае дали опсегот на бучавата одговара на опсегот на чувствителноста на слухот на женката и тешкотијата за разликување на задачите. Покрај тоа, истражувачите откриле и дека бучавата во животната средина значително го променила времето што им е потребно на жабите женки за да изберат партнер. бд/

Остани поврзан