• сабота, 23 ноември 2024

Истражна постапка за едно лице од Здуње осомничено за убиство

Истражна постапка за едно лице од Здуње осомничено за убиство
Скопје, 2 август 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гостивар, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55 годишно лице од село Здуње, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство. На 30 јули, по вербална расправија меѓу две семејства на терасата на пекарница во Гостивар, настанала физичка пресметка, во која осомничениот извадил нож и лишил од живот едно лице, нанесувајќи му убод во левиот бут. Убодната рана резултирала со обилно крварење кај оштетениот и тој починал, информираат од ОЈО Гостивар. Оттаму велат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори делото.​ сх/лв/

Остани поврзан