• петок, 22 ноември 2024

Историски прв трофеј за Аталанта во европските натпреварувања

Историски прв трофеј за Аталанта во европските натпреварувања

Даблин, 22 мај 2024 (МИА) - Аталанта е новиот владетел во Лига Европа!

Италијанскиот тим сосема заслужено триумфираше со трофејот на турнирот откако во финалето кое се играше на стадионот „Авива“ во Даблин, победи со убедливи 3:0 против германскиот шампион Баер Леверкузен.

Голем херој за тимот од Бергамо несомнено беше Адемола Лукман, кој блесна со „хет-трик“ во пресметката.

Тоа е историски прв трофеј за Аталанта во европските натпреварувања, кој доаѓа во деби финалето на клубот во натпреварување на УЕФА.

„Нероазурите“, исто така, му го нанесоа на Леверкузен првиот пораз сезонава, ставајќи крај на нивната рекордна серија од 51 меч без пораз во сите натпреварувања. дс

Фото: Фејсбук/Лига Европа

Остани поврзан