• сабота, 16 ноември 2024

Исмет Гури се предал на полицијата, спроведен е во Затвор Скопје

Исмет Гури се предал на полицијата, спроведен е во Затвор Скопје

Скопје, 29 август 2024 (МИА) -  Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП) Исмет Гури (60), кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје, самиот се пријавил денеска во 13:40 часот во Скопје, потврди за МИА Министерството за внатрешни работи. 

Како што информираат, потоа Гури е лишен од слобода во Полициската станица Кисела Вода и спроведен до Затвор Скопје. 

Против Гури беше распишана меѓународна потерница во јануари годинава откако не бил пронајден на адресата каде ја издржувал мерката куќен притвор. Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми, откако во јули минатата година беше уаспен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама.

Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал, во кој Судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.  Обвинението за „Титаник 3“ беше отворено во 2017 година од поранешното СЈО. Тие се товареа за делото уништување изборен материјал,  односно дека на локалните избори во 2013 година менувале дел од записниците за гласањето во Чаир. Гури беше истакнат активист на ДУИ, а по одделувањето на Изет Меџити се придружи на Демократско движење. лв/вг/

фото: МИА архива 

Остани поврзан