• петок, 22 ноември 2024

Исланд со нов тренер во квалификациите за СП 2022

Исланд со нов тренер во квалификациите за СП 2022
Рејкјавик, 22 декември 2020 (МИА) – Арнар Тор Видарсон е назначен за нов тренер на фудбалската репрезентација на Исланд, соопштено е вечерва во Рејкјавик. Неговата приоритетна задача ќе биде да обезбеди пласман на Мундијалот 2022 во Катар преку квалификациската група во која Исланд е заедно со македонската фудбалска репрезентација и селекциите на Германија, Романија, Ерменија и Лихтенштајн. Видарсон седнува на селекторската клупа по заминувањето од должноста на Ерик Хамрен во ноември, откако претходно обезбеди настап со репрезентацијата до 21 година на Европското првенство што иднината година ќe се одржи во Словенија и Унгарија. Како фудбалер, Арнар Видарсон има 52 настапа за националната селекција и потекнува од едно од најпознатите фудбалски семејства на Исланд. Настапи во минатото за Исланд имаа и неговиот татко, Видор Халдорсон, како и двајцата браќа, Бјарни и Давид. Македонската фудбалска репрезентација ќе му гостува на Исланд во квалификациите за Мундијалот 2022 на 5 септември идната година во Рејкјавик, а реваншот е во последнотo коло, на 14 ноември во Скопје. ег/гт/

Остани поврзан