• вторник, 02 јули 2024

Исламисти ослободија 900 осуденици од затвор во ДР Конго

Исламисти ослободија 900 осуденици од затвор во ДР Конго
Киншаса, 20 октомври 2020 (МИА) - Вооружена група во денешниот координиран напад ослободија околу 900 осуденици од затворот во Бени, град во североисточниот дел на Демократска Република Конго. Градоначалникот на Бени, Модесте Бакванамах изјави дека зад упадот во затворот и воениот логор до него стои милитантната група Сојузни демократски сили (АДФ). За жал, напаѓачите беа многу и успеаја да упаднат. Веруваме дека тоа го направи АДФ, посочи Бакванамах. АДФ е вооружена група од Уганда, која е активна во источниот дел на ДР Конго од 90-тите години на минатиот век, која од почетокот на 2019 година убила повеќеодилкада цивили. Засега никој не презеде одговорност за нападот врз затворот. ми/

Остани поврзан