• недела, 22 декември 2024

Иселеници од Италија на средба со министерот Чупи побараа авиолинија Тревизо-Охрид

Иселеници од Италија на средба со министерот Чупи побараа авиолинија Тревизо-Охрид
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за време на престојот во Италија оствари средба со претставници на дијаспората од нашата земја организирана во активни здруженија, на која од нивна страна беше побарано да се воспостави нова авионска линија на релација Тревизо-Охрид. Како што соопштија од Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, врз основа на потребите на нашите иселеници и врз основа на договорот за финансиска поддршка меѓу нашата држава и компанијата „Виз Ер““ реализиран во 2019 година за осум авионски линии, Чупи испратил барање до Министерството за транспорт и врски да се изнајдат можности за отворање на дополнителна авионска линија на релација Тревизо-Охрид. Во градот Тревизо, односно во регионот на Венето, живеат и работат околу 25.000 граѓани од Северна Македонија, од кои половината се од југозападниот регион - Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, вклучително и општина Маврово-Ростуше. бт/сп/

Остани поврзан