• сабота, 23 ноември 2024

Ирска закажа предвремени парламентарни избори за 8 февруари

Ирска закажа предвремени парламентарни избори за 8 февруари
Даблин, 14 јануари 2020 (МИА) - Ирска ќе одржи предвремени парламентарни избори на 8 февруари, објави државната телевизија РТЕ, повикувајќи се на владини извори по седницата на кабинетот. Владата во Даблин соопшти дека дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна во текот на денот, кога се очекува премиерот Лео Варадкар да побара од претседателот Мајкл Хигинс да го распушти Парламентот. гт/

Остани поврзан