• петок, 22 ноември 2024

ИО на СДСМ: Формирана работна група за продолжување на разговорите со АА за приклучување кон владината коалиција

ИО на СДСМ: Формирана работна група за продолжување на разговорите со АА за приклучување кон владината коалиција

Скопје, 31 јануари 2023 (МИА) – Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски на вечерашнава седница на Извршниот одбор на партијата ги информирал членовите  во однос на денешниот состанок со лидерот на Алијансата за Албанците (АА) Арбен Таравари во контекст на окрупнување на владиното мнозинство.

Како што информира портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, на ИО едногласно е донесена одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со АА врз основа на програмски и политички принципи.

-Заедничка оценка е дека Алијанса го поддржува концептот за европска Македонија, а со тоа и директно да придонесат во остварувањето на стратешките национални и  државни интереси за спроведување на реформите и сите потребни чекори за членството во ЕУ преку директно учество. Извршниот одбор едногласно одлучи партијата да ги продолжи разговорите со АА врз основа на политички и програмски принципи. За понатамошните разговори со Алијанса Извршиот одбор одреди работна група во која покрај претседаталот ќе учествуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор Љупчо Николовски, како и координаторот на пратеничката група во Собранието Јован Митревски, рече Кузеска.

Нашата одговорност пред граѓаните, потенцираше таа, е да обезбедиме иднина на државата, економски стандард подобар живот за сегашните и за идните генерации. Оттука соработката со Алијанса ќе даде додадена вредност за граѓаните, борбата против корупцијата, забрзан економски развој и напредок на државата, зголемување на ефикасноста на Собранието со цел побрзо носење одлуки за подобрување на животниот стандард на граѓаните,  справување со енергетската и економската кризае и законите од ЕУ агендата. Поголема поддршка за за стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи, изјави портпаролката на СДСМ. 

Ова, потенцираше таа, ќе значи и зголемување на парламентарното мнозинство.

-Тоа е чекор напред  за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ со сите реформи, чекори и  потребни одлуки. Јасна диференцијација од двете  партии во Собранието кои се против ЕУ -  ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Кадровско зајакнување и освежување,  стабилност која што е неопходна во клучен период во однос на глобалните случувања, нагласи Кузеска.

Таа дополни дека вклучувањето на АА во владината коалиција е и можност за соработка на локално ниво во општините и советите со цел за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.  

Претходно, и Ковачевски и Таравари во одделни изјави потврдија дека се усогалсиле во најголем дел за програмските определби, но оти се уште не разговарале за кадровски решенија, за што најавија средби во наредните денови. Пред состанокот на ИО на СДСМ, Ковачевски напомена дека во најголем процент се усогласиле околу стратешкото партнерство со САД, продолжување на патот кон евроинтеграциите, носење на сите реформски закони и на сите одлуки потребни за продолжување на патот кон ЕУ.

Ковачевски најави дека наредните денови ќе следат состаноци и со Алтернатива.вг/ар/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан