ИОК може да го исклучи кревањето тегови од Олимпијадата во 2024 година
- Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) може да го исклучи кревањето тегови од Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Лозана, 15 октомври 2020 (МИА) – Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) може да го исклучи кревањето тегови од Олимписките игри во Париз во 2024 година.
Ова го објави прес-службата на организацијата.
ИОК е загрижен за одлуката на Меѓународната федерација за кревање тегови (ИВФ) да го замени вршителот на должноста претседател на федерацијата Американката Урсула Папандреа со Интара Јодбангтоја од Индонезија.
- ИОК соработуваше многу добро со Урсула Папандреја за време на нејзиниот мандат и целосно ги поддржува реформите што ги иницираше на ИВФ.Овој инцидент и неговите последици секако ќе бидат земени предвид од Извршниот одбор на ИОК кога станува збор за донесување на понатамошни одлуки, се вели во соопштението на прес-службата на МОК.