Информациите за движењето на шведскиот премиер се компромитирани неколку години од неговото обезбедување
- Информациите за локацијата на шведскиот премиер Улф Кристерсон се компромитирани веќе неколку години бидејќи се јавно достапни преку апликации за трчање што ги користат неговите обезбедувачи, објавија денеска шведските медиуми.
Стокхолм, 8 јули 2025 (МИА) - Информациите за локацијата на шведскиот премиер Улф Кристерсон се компромитирани веќе неколку години бидејќи се јавно достапни преку апликации за трчање што ги користат неговите обезбедувачи, објавија денеска шведските медиуми.
-Истрагата покажа дека телохранителите на Кристерсон споделиле детални информации во најмалку 35 наврати што би можеле директно да се поврзат со шведскиот премиер и местата што тој често ги посетува, се вели во соопштението, според дневниот весник „Дагенс Нихетер“.
Обезбедувањето на шведскиот премиер споделувало податоци за нивните патеки за трчање на фитнес апликација веќе неколку години, што го олеснило следењето на движењата на премиерот и следењето на локациите што ги посетил.
Шведскиот весник наведува дека протекувањето на овие информации можеби ја открило домашната адреса на Кристерсон, патеките што обично ги користи и местата каде престојува кога патува во странство.
Портпаролот на шведската безбедносна полиција (САПО), Карл Мелин, им потврди на новинарите дека раководството на САПО не било свесно дека фитнес апликацијата може да претставува безбедносен ризик. мс/
фото: ЕПА