• петок, 22 ноември 2024

Интер и Челси во спор за бразилски дефанзивец

Интер и Челси во спор за бразилски дефанзивец
Милано, 8 јуни 2020 (МИА) - Голем број на европски клубови се заинтересирани за дефанзивецот на Сантош, Лукас Верисимо. Бразилските гиганти веќе одбија понуда од Сампдорија, но се соопштува дека има зголемен интерес од Аталанта, Челси и Интер. Вчера имаше информации дека Сампдорија речиси сигурно ќе ги обезбеди услугите на Лукас Верисимо за 5 милиони евра, но претседателот на Сантош, Жозе Карлос Перез одби таква понуда и го запре трансферот. Бразилскиот клуб сака околу десет милиони евра за дефанзивецот. Бразилскиот гигант доживува финансиски тешкотии и скоро сигурно ќе го продаде својот фудбалер.

Остани поврзан