• недела, 01 март 2026

Интер е сигурен во домашното првенство

Интер е сигурен во домашното првенство

Милано, 1.март 2026 (МИА) – По елиминацијата во Лигата на шампионите екипата на Интер оствари синоќа ја продолжи низата од успешни настапи во домашното првенство и ја совладаа Џенова со 2:0. Со овој триумф играчите на Интер покажаа дека испаѓањето од Лигата на шампионите е веќе минато.

Интер во Серија А последниот пораз го има доживеано од Милан кон крајот на ноември минатата година и е во серија од 14 победи од 15 натпревари без пораз со нерешен резултат со Наполи.

Победата синоќа против Џенова ја „донесоа“ Федерико Димарко и Хакан Чалханоглу, кои беа стрелци на головите. Димарко беше стрелец во 31.минута, а Чалханоглу во 70.минута од пенал.

Интер е лидер на табелата со 67 бодови, пред Милан кој има 54 и денеска гостува кај Кремонезе, додека Наполи на нашиот Елиф Елмас има 53 по вчерашниот триумф над Верона. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан