• понеделник, 23 декември 2024

ИНТЕГРА ги промовираше кандидатите и програмата за Локалните избори

ИНТЕГРА ги промовираше кандидатите и програмата за Локалните избори
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА денеска во Градскиот парк во Скопје ја презентираше локалната развојна платформа ИНВЕСТРА 2021 и кандидатите членови на органите на локалната власт на претстојните избори. Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, д-р Тодор Ношпал, поддржан од ИНТЕГРА, во своето обраќање истакна дека ќе се води од три основни принципи и дела - екологија, енергетика и едукација. Ношпал најави еколошки проекти коишто ќе го зголемат зеленилото во главниот град, изградба на мали соларни центри и едукација и однесување во животната средина, почнувајќи од младите лица.     - Може да се направи и да се спроведе функционирање на системот на јавно-приватно партнерство, што ќе им овозможи на бизнисмените кои сакаат да вложат во градот, додаде тој. ИНТЕГРА на овие избори ќе ги поддржи независните кандидати за градоначалник на Берово, Горан Алачки и на Тетово, Снежана Стојановска. Генералните цели и задачи за Локалните избори 2021 година, во рамки на развојната платформа ИНВЕСТРА 2021 содржат десет точки. Првата точка е принцип на одличност, што, како што велат од ИНТЕГРА, подразбира дека одличноста треба да биде цел сама по себе за да настане возбудлив натпревар во конкурентноста меѓу најдобрите. Како дел од програмата е и лиценцирање на домашни адвокати во странски држави, подобрување на образованието, изградба на локални стручни средни училишта, унапредување на здравствениот туризам за пензионерите. ки/сп/

Остани поврзан