• петок, 20 декември 2024

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Неколку институции и културно историски знаменитости меѓу кои македонското Собрание, скопското Кале, Самоиловата тврдина во Охрид и Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово, вечерва ќе бидат обоени во чест на Денот на македонскиот јазик. 

- Вечерва македонскиот јазик најсилно ќе зрачи од Македонското Собрание, Скопското Кале, Самоиловата тврдина во Охрид, Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово, Офицерскиот дом во Битола, гимназијата Јане Сандански во Струмица, црквата Свети Никола во Крушево, спомен Костурница во Велес, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на фејсбук. бак/цр

Фото: ФБ на Бисера Костадиновска-Стојчевска

Остани поврзан