• сабота, 23 ноември 2024

Именувани три нови членови на Одборот на директори на „Македонија2025“

Именувани три нови членови на Одборот на директори на „Македонија2025“
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Невладината „Македонија2025“ денеска именува три нови членови на Oдборот на директори, со што нивниот број се зголеми на осумнаесет. За нови челенови на Одборот на директори се избрани Венера Крлиу Ханџиски - заменик извршен директор, главен оперативен директор, потпретседател на Одборот на директори и проректор за образование на Универзитетот Американ колеџ Скопје, Ѓорѓе Војновиќ - извршен директор на Триглав осигурување АД, Скопје, претседател на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора, поранешен професионален кошаркар и Радош Вукиќевиќ - генерален директор на винаријата Тиквеш. -Овие импресивни лидери ја прошируваат широчината и длабочината на нашата способност и знаење како организација и знам дека секој од нив лично ќе придонесе за да помогне во остварувањето на нашата мисија и влијание, изјави Мајкл Чкламовски, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025. Од новите членови на Одборот на директори се очекува да придонесат со своето знаење и искуство, и да и помогнат на организацијата во исполнување на својата мисија, односно поддршка на развојот на земјава преку промовирање одржлив економски раст кој ќе ги подобри можностите за граѓаните, компаниите и странските инвеститори.вј/лв/

Остани поврзан