Илјадници пилиња се разбегале на автопат во Северна Германија
- На местото на настанот интервенирале ветеринари за да ги соберат животните
Северна Германија, 11 декември 2025 (МИА) - Илјадници пилиња се разбегале на автопатот близу Магдебург откако камион, кој ги превезувал, се превртел, соопшти ДПА.
Причината за несреќата засега не е позната, а товарот на камионот изнесувал 15 тони. На местото на настанот интервенирале ветеринари за да ги соберат животните.
По несреќата, сообраќајот во тој дел беше блокиран, а возачот на камионот помина без телесни повреди. мв/мс/
Фото: ДПА