• недела, 22 декември 2024

Илон Маск почна масовно да отпушта од Твитер

Илон Маск почна масовно да отпушта од Твитер
Њујорк, 4 ноември 2022 (МИА) – Илон Маск почна да дели масовни откази во Твитер со испраќање мејлови до вработените. - Во обид да трасираме здрав пат за Твитер, во петок ќе поминеме низ тешкиот процес на намалување на нашата глобална работна сила, се вели во електронската порака. Во мејлот до вработените, Твитер соопштува дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и сите пристапи ќе бидат суспендирани за да се обезбеди сигурност на секој вработен, како и системот на Твитер и корисничките податоци. Во пораката се наведува дека денеска им е последен работен ден во компанијата, но оти ќе останат вработени и ќе добијат надомест до 2 февруари 2023 година. До тој ден ќе бидат под отказен рок и со суспендиран пристап до сите системи на Твитер. Иако од нив не се очекува да работат во овој период, тие мора да ги почитуваат сите правила на компанијата. Поранешните вработени ќе добијат детали за понудата за отпремнина во рок од една недела, се вели во мејлот и се додава дека секој вработен ќе добие порака дали е отпуштен или останува да работи. Многу поранешни вработени напишаа на Твитер дека добиле отказ. Многумина најавија и тужби. јт/

Остани поврзан