• петок, 05 декември 2025

Илиевски го соопшти поширокиот список за претквалификациите

Илиевски го соопшти поширокиот список за претквалификациите

Скопје, 11.јули 2025 (МИА) - Селекторот на сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски првиот собир на националниот тим за претквалификациите за Светскиот куп 2027 ќе го има на 14.јули во СРЦ „Кале“ Скопје во 18 часот.

Илиевски повика 26. играчи на пошироката листа на кандидати која ќе биде доставена во Светската кошаркарска федерација. 

На листата пријавени се: Војдан Стојановски, Марин Петков, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Андоновски, Марко Миловановиќ (МЗТ Скопје Аеродром),Стојан Ѓуроски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Амар Хот, Андреј Шошкиќ (Работнички), Валмир Какруки (Чаир 2030), Адем Мекиќ (Бора Косово), Теодор Симиќ (Кожув), Страхил Николов (ТФТ), Лука Стојановски (Пелистер), Андреј Митревски, Стефан Стојковиќ (Феникс 2010), Лејсон Зеќири (Башкими Косово), Кристијан Николов (Чеди Осман БК Турција), Ненад Димитријевиќ (Олимпија Милано Италија), Никола Јаничиќ (Водно Санс), Марко Луканоски (Игокеа БиХ), Лука Савичевиќ – (Лафајет Леопардс САД), Андреј Јакимовски (Тренто Италија), Рубин Стефанов (Унибаскет Ланчиано Италија).

Македонија во првата фаза од натпреварите е во група со Романија и со Унгарија, а првиот натпревар го игра на 2.август во Куманово против Романија.    мн/

Фото: КФСМ

Остани поврзан