• петок, 22 ноември 2024

Изречени 241 санкциja за брзо возење

Изречени 241 санкциja за брзо возење

Скопје, 20 септември 2023 ( МИА) - Казнети се 241 возач во акциска контрола спроведена вчера на територијата на државата за санкционирање на возила со кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, како што известуваат денеска МВР,  седумнаесет возила се движеле со брзина над педесет километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над седумдесет километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 111 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место. 

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР. љм/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан