• сабота, 21 декември 2024

Изречени 100 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Изречени 100 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
Скопје, 3 мај 2021 (МИА) -  Сто санкции се изречени во зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, што ја спроведоа денеска полициски службеници од СВР Битола. Од санкционираните 100 возачи, 42 возеле побрзо од пропишаното надвор од населено место, а 58 во населено место. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.лв/  

Остани поврзан