• сабота, 21 декември 2024

Израелска истражна комисија: Нетанјаху сноси одговорност за смртта на еврејските аџии во 2021 година

Израелска истражна комисија: Нетанјаху сноси одговорност за смртта на еврејските аџии во 2021 година

Ерусалим, 6 март 2024 (МИА) - Израелската истражна комисија за немирите во кои загинаа 45 еврејски аџии на планината Мерон во април 2021 година, во извештајот објавен денеска заклучи дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е „лично одговорен“ за нивната смрт. 

-Дојдовме до заклучок дека премиерот Бенјамин Нетанјаху сноси лична одговорност за таа трагедија, се наведува во извештајот на Комисијата.

Во извештајот се објаснува дека премиерот „знаел или требало да знае дека локацијата била слабо одржувана со години“ и дека може „да претставува ризик за многу учесници“ на аџилакот што се одржува таму секоја година за еврејскиот празник Лаг Б' Омер.

Нетанјаху, кој со своите услуги има одговорност да ги идентификува проблемите што претставуваат ризик за животите на луѓето, не дејствуваше како што би се очекувало, се додава во извештајот на комисијата.

Канцеларијата на државната контрола, одговорна за надзор на активностите на јавните институции, двапати предупреди, во 2008 и 2011 година, дека има недостиг од опрема на местото на аџилак на планината Мерон.

Четириесет и пет лица, вклучително и деца, загинаа во стампедо на 30 април 2021 година, за време на годишниот верски аџилак каде десетици илјади православни Евреи се собраа на планината Мерон на северот од земјата околу гробот за кој се верува дека е местото каде што бил погребан рабинот Шимон Бар Јохајџи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан