• понеделник, 23 декември 2024

Израелската државна обвинителка го обвини министерот Бен Гвир за незаконско мешање во работата на полицијата

Израелската државна обвинителка го обвини министерот Бен Гвир за незаконско мешање во работата на полицијата

Тел Авив, 2 јануари 2024 (МИА) - Израелската јавна обвинителка Гали Бахарав-Миара изјави пред Вишиот суд дека израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир незаконски се мешал во работата на полицијата околу правото на протести за време на војната во Појасот Газа. 

-Како министер задолжен за полицијата, Бен Гвир може да ја утврди политиката, но не му е дозволено да ѝ дава инструкции на полицијата како да постапи во конкретен случај, рече Бахарав-Миара. 

Во ноември неколку израелски организации поднесоа петиција до Вишиот суд за министерот Бен Гвир да биде спречен и натаму да ѝ дава инструкции на полицијата како да одговори на одредени протести. Тоа се случи откако Бен Гвир  зборуваше против митингот организиран од арапската партија Хадаш, од кој се повика на прекин на огнот во Појасот Газа. 

Поднесувањето на петицијата следеше по голем број претставки за време на протестите против планираните владини реформи во правосудството, во кои Бен Гвир беше обвинет за притисок врз полицијата да презема построги мерки против демонстрантите, јави „Тајмс оф Израел“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан