• недела, 22 декември 2024

Израелската војска најави мобилизација на две резервни бригади поради судирите со Хезболах

Израелската војска најави мобилизација на две резервни бригади поради судирите со Хезболах

Тел Авив, 25 септември 2024 (МИА) - Израелската војска денеска најави мобилизација на две резервни бригади поради судирите со Хезболах во Либан.

„Во согласност со проценката на ситуацијата во Израелските одбранбени сили (ИДФ), одлучено е да се мобилизираат две резервни бригади за оперативни мисии во северниот сектор“, се вели во соопштението на војската.

Ова ќе овозможи продолжување на борбените напори против „терористичката организација Хезболах“, заштита на граѓаните на Израел и создавање услови за безбеден враќање на жителите од северниот дел во нивните домови, се додава во соопштението.

Минатата недела војската објави преместување на елитната 98-ма дивизија од Газа во северен Израел.

Командантот на северната команда на ИДФ, генерал-мајор Ури Горди, вчера изјави дека операцијата во Либан влегла во „друга фаза“.

- Мораме да бидеме многу силни за да влеземе во маневар и акција, изјави тој за време на обиколката на војниците од Седмата бригада на северот на Израел.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, вчера најави можност за копнени маневри.

- Сфаќате дека може да дојде момент кога ќе дадеме наредба и системот ќе мора да оди напред, затоа мора да се подготви, изјави Галант, пренесуваат израелските медиуми.

Денешната најава за мобилизација сугерира дека Израел планира уште посилна акција против либанската организација, анализираат западни медиуми..

Најавата дојде по истрелувањето на ракета од страна на Хезболах кон Тел Авив, првпат од почетокот на судирите пред речиси една година.

Израел соопшти дека ракетата била пресретната и нема информации за жртви или штета. ссм/

фото: 

Остани поврзан