• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелската војска нападна магацини со оружје и ракетни фрлачи на Хезболах во јужен Либан

Израелската војска нападна магацини со оружје и ракетни фрлачи на Хезболах во јужен Либан

Тел Авив, 8 март 2025 (МИА) - Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта гаѓала магацини со оружје и ракетни фрлачи на либанската милитантна група Хезболах во јужен Либан.

Во соопштението се наведува дека локациите кои се гаѓани биле користени за складирање оружје и ракетни фрлачи и претставуваат закана за Израел.

Се нагласува дека присуството на оружје на Хезболах во јужен Либан претставува јасно кршење на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група, објави Тајмс оф Израел. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан