Изминатата недела во Центар санкционирани 189 непрописно паркирани возила
- Во текот на изминатата недела санкционирани се вкупно 189 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Ц
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) - Во текот на изминатата недела санкционирани се вкупно 189 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Во соопштението се наведува дека во периодот од 1 до 7 овој месец, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 86 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
- ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, стои во соопштението. свс/сп/