• петок, 22 ноември 2024

Измамена повозрасна кавадарчанка, лажен инспектор и земал сто илјади денари и 450 евра

Измамена повозрасна кавадарчанка, лажен инспектор и земал сто илјади денари и 450 евра
Кавадарци, 19 јули 2022 (МИА) - Повозрасна кавадарчанка била измамена од лажен инспектор, кој и земал сто илјади денари и 450 евра, информираа денеска од СВР Велес. - Вчера во 11.30 часот во ОВР Кавадарци, 73-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 100.000 денари и 450 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило, се претставило дека е полициски инспектор и дека нејзиниот внук и неговата девојка со автомобил удриле дете мигрант.  Како што е пријавено, лицето и побарало 50.000 евра за да помогне на нејзиниот внук да не оди во затвор, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и извршиле примопредавање на парите, по што лицето го прекинало контактот со неа, соопштија од СВР Велес. Оттаму додаваат дека се  работи на расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава. - Поради ваквите зачестени случаи, апелираме до граѓаните да внимаваат и не наседнуваат, а ваквите и слични случаи редовно да ги пријавувааат во полиција, нагласија од СВР Велес. свд/цр

Остани поврзан