• понеделник, 23 декември 2024

Издвоени 3,5 милиони денари за помош на социјално загрозени граѓани во Општина Гевгелија

Издвоени 3,5 милиони денари за помош на социјално загрозени граѓани во Општина Гевгелија
Гевгелија, 15 февруари 2022 (МИА) - За реализација на годинашнава програма за помош на граѓаните од социјално ранливите категории, советниците на општина Гевгелија одлучија од буџетот да бидат издвоени 3,5 милиони денари. Сите мерки и активности за помош на социјално загрозените граѓани ќе продолжат континуирано да се применуваат и реализираат во поглед на исплаќање еднократна помош за новородено дете, партиципација за трошоци за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, за доделување огревно дрво, субвенционирање на сметки за потрошена вода за пиење, како и обезбедување превоз за лицата со попреченост од местото на живеење до Дневниот центар во Гевгелија. Од општината посочија дека покрај ова ќе продолжи доделувањето на социјални пакети и изградбата на пристапни рампи за инвалидизираните лица до јавните општински установи. Општинските советници донесоа одлука од годинава да се воведат и две нови социјални мерки од кои едната за доделување додаток за домување на жители од општина Гевгелија и другата за едукација и третирање на проблеми за децата кои имаат тешкотии во вербалната комуникација. им/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан