• недела, 30 јуни 2024

Изградена нова улица во Општина Илинден

Изградена нова улица во Општина Илинден
Скопје, 22 јули 2022 (МИА)-Во рамки на акцијата „Градежна офанзива” на општина Илинден, и дел од проектот за подобрување на патната инфраструктура во локалните економски зони, изградена е нова индустриска улица во локалната економска зона Ограѓа, во должина од 360 метри, широчина седум метри, како и тротоар во должина на улицата и со широчина од еден и пол метар. -Изградбата на оваа улица е од големо значење за компаниите кои гравитираат во тој дел од општината, а истата ќе ги поврзе улиците „2” , „9”, „19” и индустриските улици „8” и „29” во н. Илинден. На овој начин ќе се обезбеди подобра сообраќајна комуникација, како и поголема безбедност во сообраќајот во овој централен дел во населбата Илинден. Општина Илинден оваа улица ја изведува во соработка со општествено одговорни компании, информираат од општина Илинден. Оттаму додаваат дека градежните активности за реконструкција на патната инфраструктура и во останатите населени места во општина Илинден ќе продолжат и во наредниот период.ир/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан