• понеделник, 23 декември 2024

Изгоре објект полн со сено во беровското село Мачево

Изгоре објект полн со сено во беровското село Мачево
Берово, 25 јануари 2022 (МИА) - Во пожар изгоре објект полна со сено во беровското село Мачево. Објектот е тврда градба во сопственост на Митко Црнешки кој живеел на горниот кат од куќата, додека во долниот дел од градбата чувал добиток. Од ТППЕ Берово го потврдија случајот и притоа информираа дека пожарот е локализиран во 19:00 часот. -Дојавата ја примивме во 17:46 часот, објектот е тврда градба, изгоре сено на повисокиот дел од објектот, долу се спасени и живи извадени од пожарот  четири кози, а спасено е и сеното, истакнаа од ТППЕ Берово. Пожарот целосно е ликвидиран во 20:10 часот, а во гаснењето како што додаде командирот на единицата Сашко Руменовски, учествувале седум пожарникари со две противпожарни возила. вс/см/

Остани поврзан