• понеделник, 23 декември 2024

Изгласана недоверба на Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков

Изгласана недоверба на Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков
Софија, 22 јуни 2022 (МИА) - Попладнево во бугарското Собрание со 116 гласови „за“ Владата и 123 против, од вкупно 239 пратеници, е изгласана недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето за недоверба, поднесено од партијата ГЕРБ-СДС против Владата на премиерот Петков, успеа. Со тоа Кабинетот на доскорешната четирипартиска коалиција, од која неодамна излезе „Има таков народ“, не ги доби потребните 121 глас во пленарната сала, за да остане на власт. Ова е прво успешно гласање за недоверба на влада на Бугарија во нејзината понова историја. Аргументот на најголемата опозициска партија беше „неуспех на владата во финансиската политика“. Сега претстои владата да си поднесе оставка. Претседателот на државата треба да почне консулатации со партиите во Парламентот. нк/нд/

Остани поврзан