• понеделник, 23 декември 2024

Извозот во првите седум месеци зголемен за 19,4 проценти, а увозот за 26,9 проценти

Извозот во првите седум месеци зголемен за 19,4 проценти, а увозот за 26,9 проценти
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Во првите седум месеци од годинава од државава се извезени стоки во вкупа вредност од  4 767 002 000 евра, што претставува пораст од 19,3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 912 713 000 евра, што е за 26,9 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули годинава изнесува 2 145 711 000 евра. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот, пак, се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали. Во периодот јануари-јули годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.лв/дма/

Остани поврзан